Press "Enter" to skip to content

Членови на “Сумнал“ на фестивалот “Терм од бајки“ (фото)

Деновиве 5 членови од Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“ учествуваа на фестивалот наречен „Terp of tales“ („Терп од бајки“) каде имаа прилика да ја претстават ромската заедница и да дадат придонес со својот јазик и култура во диверзитетот.

Фестивалот се состоеше од работилници на кои учествуваа по еден или двајца наши членови.

Првата работилница беше поврзана со театар каде нашите членови Филип Јашаров и Рамиз Ахмедов ги искористија своите таленти за глума и танц и ја направија крајната претстава многу позабавна и интересна.

Втората работилница беше поврзана со хор каде нашата членка Викторија Михајловска го искористи својот талент за пеење.

Нашата членка Ферзије Асаноска беше дел од дигиталната работилница каде го искористи својот потенцијал да помогне во креирање на видеа, а Христина Божиновска беше дел од јазичната работилница преку која создаде поема и прекрасна приказна кои беа одбрани да бидат презентирани на крајната манифестација.

На крајот, заедно со другите учесници создадовме прекрасна претстава од песни, видеа, поеми, приказни и театарски изведби која сведочеше дека различностите во јазик и култура претставуваат непроценливо богатство.

Претставата може да се погледне на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=uBkQrapI_Dw&feature=youtu.be