Press "Enter" to skip to content

Вевки со кларинетот ги натера Сара и гостите од Израел да се фатат на оро (фотогалерија)

По одличниот концерт на Сара Ароесте во Заводот и Музеј на летната тераса на хотел “Епинал“ се одржа коктел на кој се појавија покрај Сара и нејзиниот пиајнист и гостите од Израел.

Мирната атмосфера наеднаш се разбранува кога Вевки на неговиот кларинет засвири неколку македонски песни, а на таа негова музика не останаа рамнодушни гостите.

Прва орото го поведе Шели Леви, а заигра и Сара, а познатите песни ги запеаја покрај Шели и Сефедин Бајрамов и останатите.

На ова неофицијално дружење на кое беше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, израелскиот амбасадор Јан Доријан, членовите на “АХАМ“, “паднаа“ и догорови за понатамошна соработка.