Патот кој од населбата “Ушици“ води кон “Стрелиште“ и село Горно Оризари и околу него е постојана депонија каде постојано се фрла ѓубре, а жителите од овие населби не можат никако да се начудат како несовесни граѓани тука фрлаат секојдневно отпад.
Иако овој пат и место било десетина пати чистен со акции, а вработените во ЈП “Комуналец“ постојано тука патролираат, сепак некои граѓани не можат да резберат дека кога фрлаат ѓубре и самите на себе си наштетуваат.

Последното што се случи, деновиве, сепак не ги остави рамнодушни жителите, кои на тротоарот најдоа кожна фотеља, а како ни рече Благој, кој тука поминува секој ден, имал видено фрлено секаков вид на ѓубре, но вака поставена фотеља на тротоар немал видено.
-Што се немам видено тука фрлено, но ваков “домаќин“ немам видено. Ни “поставил“ фотеља на тротоар, но барем да ја ставеше под сенка да можеме да одмориме, вака на сонце не ни е во функција, вели Благој на смеа, но додава дека не може да сфати како ова може да случи ова.
Но, додека Благој се чуди, можеби “домаќинот“ има поставено и друг дел од мебелот.






