Press "Enter" to skip to content

Концерт на ансамблот “Златне године“ од Велика Горица, Хрватска

Синоќа се одржа концертот ансамблот “Златне године“ од Велика Горица од Хрватска кој беше во организација на македонско-хрватското друштво и хрватски културен центар “Марко Марулиќ“ и претседателот Бранко Маретиќ.

Како соорганизатор на концертот беше НУ Заводот и Музеј од Битола каде и се одржа концертот, во малата сала.

Музиката која ансамблот ја изведе на концертот во Битола е разновидна, од класични до традиционални композиции, народни песни како и обработки на познати хрватски напеви, но и на другите народи и современи музички композиции.

Ансамблот го води композиторот Синиша Белошевиќ кој често на настапите изведува песни на гитара што дополнително ја збогатува музичката атмосфера.

Ова гостување на овој ансамбл не се случи за прв пат, а тие во Македонија гостуваат повеќе пати во Охрид, Скопје и Битола, а ансамблот “Златне године“ настапува на сите значајни манифестации, фестивали, во и надвор од Хрватска.

Насекаде ја пренесуваат љубовта кон музиката, радоста во пренесувањето на сите пораки кои музиката ги носи во себе, вклучувајки ја љубовта кон родниот крај и татковината, но и кон сите луѓе, нивната традиција и вредностите кои треба да се запознаваат и делат.

More from КултураMore posts in Култура »