Press "Enter" to skip to content

Владо Јаневски настапи на првата вечер од “Широк Сокак во бело“ (фотогалерија)

Точно на полноќ започна концертот на Владо Јаневски кој настапи на Широк Сокак, на бината поставена кај супер-маркетот “Веро“ во рамките на традиционалната манифестација “Широк Сокак во бело“.

Организаторот се погрижи се да помине во најдобар ред, а присутните уживаа во музиката на Владо Јаневски кој ги испеа сите негови песни, постари, понови и оние кои тој ги компонирал за други изведувачи, а беше придружуван на клавијатури од Влатко Плевнеш.

На манифестацијата “Широк Сокак во бело“ до почетокот на настапот на Јаневски, присутните ги забавуваат и ди-џеите Рикардо и Јошевски.

“Широк Сокак во бело“ е дел од годинашниот “Бит фест“ кој завршува денес со настап на овогодишната манифестација на BANG LA DEKS.

За беспрекорно одржување на манифестација се погрижија и кафулината во овој дел на Широк Сокак: “Инстинкт“, “Милениум“, “Игучи“, “Ин“, “Симбол“, “Пиано бар“, “Портал“ “Конект“ “ и “ГТ“.

Фото: Сашо Ристевски

More from ЗабаваMore posts in Забава »