Press "Enter" to skip to content

Поетско читање – во Битола на пет врвни поети од Струшките вечери на поезијата (фото)

Во малата сала на НУ Центар за култура Битола, и оваа година како и претходните, се одржа поетско читање како дел од проектот „Поезија на пат“ во рамките на Струшките вечери на поезијата.

Домаќин на петте врвни поети од различни земји во светот, од Стушките вечери на поезијата, беше директорката на Центарот на култура од Битола, Маја Андоновска – Илиевски.

Поетско читање – “Поезија на пат“ во Битола гостуваа поетите:
-John Mateer – Џон Матир (Australia/Австралија)
-Josef Straka – Јозеф Страка (Czechia/Чешка)
-Shimon Adaf – Шимон Адаф (Israel/Израел)
-Sainjargal Nachin – Саинжаргал Начин (Mongolia/Монголија)
-Morten Langeland – Мортен Лангеланд (Norway/Норвешка)

Битолските вљубеници на поезијата синоќа во Центар за култура имааа можност да уживаат во убаво напишаниот збор.

Водител на поетското читање беше Емилија Сарафска, која ги читаше и сите дела на присутните поети на македонски јазик.

More from КултураMore posts in Култура »