Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен под Тумбекафе од Генч Калембер

Пелистер – Генч Калембер 1:4 (0:2)

Градски стадион „Тумбе кафе“ – Битола.
Гледачи: 500
Стрелци:
Илијовски во 85. минута за Пелистер,
Сунај во 12. 42. и 52. минута и Менга во 58. минута за Генч Калермер
Жолти картони: Абдуловски, Сулејман (Генч Калермар)
Главен судија: Марјан Младеновски, помошници Божиновски и Ицковски

Пелистер:
Атанасовски, Тодоровски, Илиевски, Илијовски, Наумоски (Неданоски), Главевски, Коњарски, Бошковски (Јосифовски), Ристевски, Исмаили, Трајковски од (Неданоски)

Генч Калермер:
Јашар, Љоки, Даути, Чајани (Белули), Бекир, Абдуловски, Менга, Сулиман, Алији, Керим, Сунај (Билали)

Натпреварот кој според прогносите пред натпреварот требаше да биде само лесна победа за екипата на Пелистер, се претвори во тежок пораз на домашен терен, во второто коло од Втората фудбалск лига, во првиот настап пред својата публика.

Гостите од Гостивар беа подобра противник во текот на целиот натпревар и заслужено заминуваат од Битола до три бода со хет-трикот на Сунај Хасани и голот Бурак Менга.

Конечните 1-4 ги постави Ристе Илијовски во 85. минута.

More from СпортMore posts in Спорт »