Press "Enter" to skip to content

По сериозната повреда Благојче Марковски, два месеци надвор од теренот

Тренерот на Пелистер, Томче Трајановски, два месеци не ќе може да смета на услугите на еден од поискусните фудбалери од тимот, Благојче Марковски, кој наредните два месеци ќе биде надвор од теренот.

Марковски заработи тешка повреда на натпреварот од Купот, против екипата на Осогово.

-Повредата ја добив по еден воздушен дуел во 30. минута од средбата, на истото место каде имав повреда и претходно, а сега има дисколација на рамото. По прегледите лекарите одлучија две седмици да носам гипс и ми дадоа препорака – строго мирување. Потоа ќе следуваат два месеци рехабилитација и се надавем дека ќе се вратам на фудбалските терени, вели Благојче Марковски.

Иако од лекарите му е препишано строго мирување, тој сепак се појави на стадионот под Тумбекафе, каде и ја направивме фотографијата.