Press "Enter" to skip to content

Потпишани меморандуми за соработка помеѓу АД “ЕЛЕМ“ со средни училишта и факултети од Битола (фото)

АД “Електрани на Македонија“ во рамките на одбележувањето на Денот на рударите – 28 август во Подружницата РЕК “Битола“ во просториите на АД “ЕЛЕМ“, Подружница РЕК “Битола“ потпиша Меморандуми за соработка со СОУ “Таки Даскало“ и СОУТ “Ѓорѓи Наумов“, со Техничкиот факултет Битола и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

Меморандумите беа потпишани од генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Драган Миновски и од директорите на училиштата и факултетите.

По потпишувањето на меморандумите генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Драган Миновски рече:

-Меморандумите се потпишани со две средни училишта и два факултети од Битола. Чест ни е да имаме соработка со овие образовни установи и во иднина се надевам на поголема соработка иако и во изминатиот период добро соработуваме. Се надевам дека со стипендиите кои ги доделуваме и со оваа соработка ќе продонесеме за развој на Комбинатот и ќе помогнеме на младите да остануваат со земјата и тука да се доусовршуваат.

Васко Ковачевски во име на подружницата РЕК “Битола“ рече:

-И досега имавме соработка со средните училишта и факултетите, но таа била на дневна и неделна основа. Сега со потпишувањето на меморандумот за соработка тоа се крева на повисоко ниво. Морам да кажам и тоа дека сите ученици и студенти кои ќе доаѓаат кај нас во РЕК “Битола“ ги имаат и ќе ги имаат истите услови како и вработените во комбинатот во секој поглед, услови за работа, безбедност на работните места, како и храна и превоз. Со овие моморандуми АД “ЕЛЕМ“ продолжува да биде општетсвено одговорна компанија.

И директорите кои ги потпишаа меморамдумите за соработка ја искажаа благодарноста од тоа што АД “ЕЛЕМ“ води грижа за средношколците и студентите и се надеваат дека со овој меморандум ќе продолжи соработката меѓу нив и таа ќе донесе поголеми резултати и дека ќе се зголеми интересот од страна на учениците кон техничките науки и ќе се зголеми нивниот број, рече директорот на Техничкото училиште Владимир Роме.

Средното улилиште “Таки Даскало“ во РЕК “Битола“ гледаат свој стратешки партнер посебно во рударската струка, а тоа денес и во верифициравме. Учениците тука ја избедуваа практичната работа, која до сега беше со посебни барања, а сега тоа ќе се одвива многу полесно и понализирано, нагласи директорката Елизабета Наумовска, која се надева дека соработката ќе биде проширена не само со рудаската туку и со другите струки, а искажа и благоданост за цела помош која до сега ја има дадено РЕК “Битола“ за училиштето.

Стојанче Нусев декан на Техничкиот факултет рече дека со потпишувањето на меморандумот ќе се олесни соработката како во однос на практиучната настава која е задолжителна за секој студент, која трае 30 дена и е дел од нивното осовршување. Со АД “ЕЛЕМ“ имаме одлична соработка, имаме добиено 15, а ова нека биде апел за матурантите да се запишуваат на Техничкиот факултет.

Никола Рендевски, продекан за наука на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, за потпишаниот меморандум рече дека ја поздравува иницијативара на АД “ЕЛЕМ“ за потпишување на меморандумот, а ова прв пат овој факултет да потпише ваков документ. Еден голем гинагант како РЕК “Битола“ има голем капацитет за соработка со ФИКТ и во иднина активно ќе учестуваат во наставно научниот процес на факултетот.

С.Р.