Битола ќе може да слушне, види и доживее фузија од музички стилови…
Докажаниот џез виртуоз, пијанистот, Васил Хаџиманов со македонско потекло, син на легендарните Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ, доаѓаат заедно со својот бенд на тераса “Широк Сокак“.
Уникатноста на Васил Хаџиманов бенд е во комбинирањето на балканските традиционални, фолк ритами и западните, модерни музички стилови џез, фанк, рок, ворлд мјузик, правејќи потполна автентичност, која претставува нов пристап во џез музиката…
Повеќе од 20 години пијанистот и композитор Васил Хаџиманов и музичари во “Васил Хаџиманов бенд“, со огромна љубов, ентузијазам создаваат специјална енергија и спонтаност каде публиката ужива на концертите и џез фестивали низ целиот свет.
Сите вие кои сакате да присуствувате на овој настан ве очекуваме на 30-ти август (четврток) во хотел “Епинал“ на тераса “Широк Сокак“.
Фото:©️ Predrag Ilic Rex Images