Press "Enter" to skip to content

И битолчани го слават верскиот празник посветен на Пресвета Богородица

Денес, како и синоќа битолчани го слават големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката на животот, а голем број беа во битолската црква која го носи нејзиното име, а се наоѓа во центарот на Битола.

Денес бидејќи е неработен ден се очекува уште повеќе битолчани да го посетат овој храм на Македонската православна црква, да се помолат за здравје и простување на гревовите и да запалат свеќа.

Во црквата “Св. Богородица“ се наоѓа иконата на оваа светица, која по многу години повторно се врати во црквата, откако беше украдена пред многу години.