Press "Enter" to skip to content

Борче Костов – Жолтио прв на трката во мото-крос, во Забел, Куманово

По традиција, на патеката Забел крај Куманово, за празникот Голема Богородица се организира мотокрос трка.

Вчера, на 28-ми август, нашите возачи, но и публиката има можност повторно да уживаат во мотокрос трките, победник во класата МХ3 е нашиот сограѓанин Борче Костов – Жолтио, кој се натпреварува за екипата на Ноќни Волци.Технички организатор на трката беше мото клубот  Меритум, а трката беше под покровителство на Мото федерацијата на Македонија, а со поддршка од општината Старо Нагоричане и Агенцијата за Млади и Спорт на РМ.

Ова е втора трка која се вози за македонскиот шамионат, но ќе треба барем уште една за да има прописен мото шампионат.