Press "Enter" to skip to content

Тони Димитровски во Сиднеј освои најпрестижна музичка награди и дојде да сними спот во Битола

Тони Димитриоски – Трубач е битолчанец по потекло но роден и живее во Сиднеј, Австралија. Потекнува од многу талентирано музичко семејство, па наследувајќи ја традицијата, Тони како помлад член на семесјтвото Димитриоски почнал да свири на 10 годишна возраст.

Со неговиот огромен талент и секојдневна макотрпна работа, успеал на млади години да се пробие на врвот од музичките изведувачи па со неговиот инструмент ја освоил големата награда “Прва труба на радио телевизија Канал SBS” која е една од најпрестижните музички награди во Австралија.Неговиот прекрасен талент е пропратен со музичко образование и тоа во средно приватно музичко училиште каде учел за овој инструмент од најдобрите светски музичари. Неговото формално образование продолжува на една од најдобрите музички академии во светот, а тоа е музичкиот конзерваториум на Сиднејски универзитет каде студирал класична труба.

Тој во родната Австралија е познат по изведбите на народна музика, изведува како солист многу концерти на познати музички имиња од Македонија каде има 80-100 настапи во годината.

Ова лето дојден е во Македонија и престојува два месеци со цел негова промоција во државата. За време на неговиот престој во Македонија, тој е музички активен и до сега оствари видео записи на четири композиции од кои два се до сега целосно завршени. И уште да се додаде дека гостин на овој спот е Димитар Митровски на армоника.

Следните два видеозаписи ќе излезат кон крајот на годината за кои ќе следи дополнителна промоција, а на 5 септември Тони Димитриоски ќе настапува како ексклузивен гостин на Рома Труба фест во Куманово.

More from ЗабаваMore posts in Забава »