Press "Enter" to skip to content

Потпишани меморандуми за соработка помеѓу РЕК “Битола“ и општините Битола, Новаци и Могила (фото)

Денес во просториите на Управната зграда на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК “Битола“, потпишани беа меморандуми за соработка помеѓу РЕК “Битола“ и општините Битола, Новаци и Могила. Меморандумите за РЕК “Битола“ ги потпиша директорот Васко Ковачевски, а за општина Битола градоначалничката Наташа Петровска, за Могила – градоначалничката Јасмина Гулевска и за Новаци – градоначалникот Љубе Кузмановски.

По потпишувањето директорот на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски рече:-АД “ЕЛЕМ“ и подружницата РЕК “Битола“ посветуваат големо внимание на општествената одговорност која ја имаат и во таа насока потпишавме договори со општините Битола, Новаци и Могила. Со овие локални самоуправи можеме да соработуваме, а и да помагаме во делот на надлежностите на локалната самоуправа, екологијата, образованието инфтаструктурата, комуналните дејности. РЕК “Битола“ помагал и досега и понатаму ќе помага, а сакаме да ги помогнеме нашите блиски општини бидејќи нашите сограѓани чуствуваат потреба од РЕК “Битола“ во делот на економијата и социјалата и секако во делот на животната средина. Сметам дека овој момерандум кој го потпишавме дополнително ќе ја зајакне нашатата соработка која и досега ја имавме со овие три општини.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за момеорандумот рече:-Ингеренцииите кои ги има општина Битола во голем број се поклопуваат со можност за поддршка со РЕК “Битола“. И во изминатиот период сме имале помош од Комбинатот во поглед на стручниот кадар, но сме имале и финансиска помош.  Денешното потпишување на меморандумот е само потврда на таа соработка, продлабочување на истата и моѓност уште поуспешно да делуваме заеднички во интерес на сите граѓани во следниот период, а не ја пропушти приликата да им го честита празникот на сите вработени во Комбинатот.

Градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски, рече дека со денешното потпишување на меморандумот не значи дека денес таа започнува. 

-Општина Новаци уште од 1996 година со формирањето на општината имаме соработка, а ова е само официјализање на истата.Градоначалнилката на Могила, Јасмина Гулевска рече:

-Општина Мигила денес не само што ја зацврстува соработката туку и ја продолќува соработката со Комбинатот  на сите полиња, екологијата, туризмот, образованието…

С.Ристевски

 

More from БитолаMore posts in Битола »