Press "Enter" to skip to content

Синдикалната организација на РЕК “Битола“ донираше 40.000 денари на здружението “Мобилност“ (фото)

По повод празнувањата во РЕК “Битола“ за Денот на рударите, синдикалната организација на АД “ЕЛЕМ“, подружница РЕК “Битола“ се приклучи со донација која им ја врачи на членовите на здружението за телесни инвалиди “Мобилност“ од Битола.Во просториите на “Мобилност“ претседателот на Синдикалната подружница на РЕК “Битола“ Менде Фидановски, им врачи два ваучери по 20.000 денари, кои членовите на здружението ќе можат да ги искористат во двете специјалирани продавници во Битола.-Во рамките на настаните организирани по повод Неделата на РЕК “Битола“ имавме неколку хуманирани активности, а една од нив е денешната доделување на парични средства, ваучери од спрецијализираните продавници за ортопедски помагала во Битола. Извршниот одбор и кај како претседател на Синдикалната подружница донесовме одлука овој пат тоа да биде “Мобилност“. Ова не значи дека ќе застаниме тука, а во нашиот Синдикат има предлози секој месец одредена сума пари да се донира на друго здружение или поединци кои имаат потредба од тоа, рече Менде Фидановски.Претседателот на “Мобилност“ Нико Јанков се заблагодари на помошта во име на корисниците и рече:-Мило што Синдикатот од РЕК “Битола“ ја менува својата перцепција и оди со добри чекори и ги согледува пошкотиите и потребите на лицата со посебни потреби, теселен инвалидитретр. Ова за нас е среќа што заедницата, луѓето, ја менуваат перцепцијата за овие луѓе, а од РЕК се одлучија да ни помогнат. Помошта е добродојдена, а најголема помош е тоа што помошта доаѓа на вистинско место. Ова нека биде пример за сите компании.

С.Р.

 

More from ВестиMore posts in Вести »