Press "Enter" to skip to content

Стево Пендаровски – националниот координатор за НАТО, денес во Битола

Коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ денеска ја продолжува кампањата за информирање на граѓаните за придобивките од влезот во НАТО и во ЕУ во Битола.Во салата на Народниот театар во Битола  во 18.30 часот ќе се одржи граѓанска трибина на која ќе учествува националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, кој претходно  пред Домот на културата даде изјава за медиумите, придружуван од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, претседателот на Ок на СДСМ од Битола, Методија Тасевски и други.Кампањата за референдумот на 30 септември ја водат 30 политички субјекти и стотина други организации.