Почитувани,
Ве известуваме дека од денес, 03.09.2018 година, Општина Битола, отпочна со градежни работи за реконструкција на канализационата мрежа, водоводната мрежа и коловозот на ул. “Климент Охридски“, на потегот од ул. “Партизанска“ до ул.“Солунска“.
Сообраќајот во овој дел на градот ќе се одвива согласно утврдениот режим на сообраќај и поставената сообраќајна сигнализација.
Ве молиме за почитување на истата.