Press "Enter" to skip to content

Фото вест: се уредуваат дрвјата во Градскиот парк

Градскиот парк е места каде битолчани поминуваат голем дел од своето време, без разлика во кој дел од денот, дали наутро додека сонцето не е  на највисоката точка, попладне или навечер кога уживаат во ветрето кое ги разладува.

Оние кои пешачеа или поминуваа некое време на клупите вчера наутро ги вознемири звукот на моторната пила, со која работниците кои ги кастреа, уредуваа дрвјата низ паркот, а работеа на делот кај Ќумурното игралиште.

Ваквото уредување се прави постојано, а низ паркот забележавме и неколку други екипи кои работеа на цвеќињата, на зеленилото, а таму беше и метларката.

-Сликајте и кажете дека луѓето се тука секој ден, работаат, но се кој ден има на утро и се повеќе ѓубре. Секој кој помина тука сношти по нешто остави тука, и по цел ден да работат пак нема да биде чисто оти ние само не чиниме, ни дофрли еден сограѓанин.

More from ВестиMore posts in Вести »