Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец повреден во сообраќајка на патот Прилеп-Градско

На 04.09.2018 година во 10.30 часот на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Ј. (63) од Прилеп, товарно возило „сканија“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (43) од село Кучевиште, скопско и товарно возило “рено мастер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К. (33) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Ј., додека со телесни повреди се здобил С.К..

На двајцата им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.