Press "Enter" to skip to content

Во рамки на неделата на безбедност, се одбележуваа пешачки премини (фото)

Кампањата „Недела на безбедност во сообраќајот“ продолжи и денес со теренска работилница „За безбедни улици“. За денешната акција Републичкиот совет за безбесност на сообраќајот на патиштата -РСБСП донираше 100 литри бела боја за хоризонтална сигнализација.

Екипите на ЈП “Нискоградба“ и ЈП “Комуналец“ со потребните средства за работа се на терен, работаат на потегот на кружниот тек помеѓу ул. “Филип II Македонски“, Ул. “Столарска“ и Бул. 1-ви Мај или конкретно ги рехабилитираат пешачките премини кај Брза помош, кај Безистенот и пред Јавор.За следните денови планирано е бележење на пешачки премини на други две локации и тоа кај хотел “Епинал“ на спојот помеѓу Ул. “Ленинова“ и Ул. “Димитар Илиевски Мурато“ и пешачкиот премин пред влезот на Клиничка болница Битола на Ул. “Партизанска“.

Во склоп на Кампањата ЈП “Нискоградба“ денес промовира и телефонски број и е-мејл на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат оштетувања на ветикалната сигнализација, 047 221 016, e-mail: niskogradba@t.mk

Впрочем, како што ни изјави д-р Јасмина Талевска, светската здравствена организација во Агендата за одржлив развој 2030 поставува за цел бројот на сообраќајни незгоди да се намали за 50%.-Според трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди согласно последниот статистички извештај на СВР Битола, за нашиот град тоа е ВИСОКА ЦЕЛ и голем предизвик кон кој ќе можеме да се приближиме доколку уште веднаш започнеме со акции;

-за обезбедување инфраструктурни објекти и елементи планирани и проектирани согласно принципите за безбедност, кои одговараат на проектната брзина и функцијата на патот, со пристап кон фронталните објекти, со заштитното зеленило и сочувани историски и естетски карактеристики,

-ЗА постигнување безбедна инфраструктура за пешаците, старите лица и лицата со инвалидитет (сигнализирана, со пешачки надвозници и подвозници, со 3Dпешачки премини, креативни, со сензори и осветлување), но пред се трајна и визуелно привлечна,

-ЗА да се постигне безбедна и континуирана велосипедска инфраструктура (сигнализирана, осветлена),

-ЗА да се воведат зони на смирен сообраќај (ЗОНА 30) и да се ограничи брзината за моторните возила,

-ЗА да се исклучи и ограничи пристап за транзитен и сообраќај со товарни доставни возила во зоните за домување,

-ЗА да се подобрат услугите на такси превозот и јавниот автобуски превоз на патници,

-ЗА СЕ ШТО Е ВО ИНТЕРЕС НА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ ВО Битола, рече д-р Јасмина Талевска од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола.