Press "Enter" to skip to content

Пливачите на Југ најдобри, освоија 11 медали во Штип, 2 златни (фото)

Во организација на пливачкиот клуб Челични, на отворениот градски базен во Штип, се одржа пливалкиот куп “Челични куп 2018“ на кој пливаа пливачи од повеќе клубови од Македонија, кои тренираат на отворено во текот на летото.Во силна конкуренција, од вкупно 14 клубови со 140 пливачи, екипен побеник на пливачкиот куп е пливачкиот клуб Југ од Битола, кој освои 11 медали, од кои 2 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали.

Тренерот на пливачкиот клуб Југ, Михајло Трампевски за учеството на купот во Штип и освоените места вели:-Ова беше последниот пливачки натпревар на отворен базен, а ние како клуб ја потврдивме доминацијата со освоени 11 пласмани од кои 2 први места. Покажавме како и на пливачкиот куп, кој ние го организиравме во Битола на Олимпискиот базен, дека имаме потенцијал и дека сме најдобриот пливачки клуб, од тие кои работат на отворено, во текот на летната сезона. Се надевам дека и в година ќе бидеме повторно на пиедисталот, и ја нагласи благодарноста до сите кои му помогнаа на Југ да го организира Купот во Битола и да учествува на останатите.

С.Р.