Press "Enter" to skip to content

Заменик министерот за локална самоуправа во општина Битола и Пелагонискиот плански регион

Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со тимот од домашни и странски експерти денеска во општина Битола остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска и со директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче.На средбата, со градоначалничката Петровска, како што информира Министерството за локална самоуправа, се разговараше за потребата од ревидирање на методологијата за пресметување на блок дотациите со кои се финансираат училиштата, градинките, установите од областа на културата и противпожарната заштита во општините.

За експертите беше особено важно да се чуе искуството на градоначалниците и на општинската администрација во управувањето со јавните финансии во смисла кои елементи од системот на локално финансирање се најмалку стабилни и предвидливи и дали сегашниот систем на блок дотации и начинот на нивно пресметување ги задоволува потребите или пак пројавува недоволност.