Press "Enter" to skip to content

Одбележани 74 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај “Црн Мост“

Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 година од Битола, денеска во Битола одбележа 74 години од бегството на политичките затвореници од бугарскиот фашистички затвор кај “Црн Мост“ кое се случи на 6 септември.
 
По тој повод , претседателот на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски,  пред споменикот кај Црн Мост  положи свежо цвеќе.
По повод годишнината од бегството на политичките затвореници од затворот кај „Црн Мост“, пред споменикот во истоимената месност во овој град, положија цвеќе и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, Методија Илиевски во име Советот на Општината, претставници на СДСМ од Битола и граѓани.
 
По полагањето на цеќето Александар Трајковски одржа и историски час на кој присутните ученици и останатите ги запозна со важноста на овој датум кога се случи на овој ден од завторот Црн Мост и за активностите на комунистите кои одлежуваа затворски казни додека беа во затворот.
Инаку, во затворот “Црн мост“ имаше 250 учесници во народноослободителната војна и антифашистичкото движење. Педесет од нив беа осудени на смрт со бесење, 20 беа осудени на доживотна затворска казна, а останатите со строг затвор до 20 години.
 
На големиот судски процес во јули 1942 година на смрт беа осудени Стив Наумов, Ѓорги Наумов, Тодор Ангелевски, Тошо Даскало, Кирил Ристески-Платник, Исак Серафи, Коле Канински и други истакнати борци од Битолско, Преспа, Крушево, Демир Хисар, Струга и од Дебар.