Press "Enter" to skip to content

И официјално Филип Кузмановски, нов ракометар на Еурофарм Работник

Левиот бек и  Филип Кузмановски денес го доби посакуваниот раскин на договорот и се приклучи на битолскиот супер лигаш, екипата на Еурофарм Работник, кој на крајот ја доби битката со неколку клубови,  Загреб, Железничар, Вардар, Татран Прешов и Запорожје, кој да го ангажира стандардниот репрезентативец на ракометната селекција на Македонија.

Еурофарм Работник успеа во намерите да го ангажира 22 годишниот репрезентативец до крајот на сезоната да настапува во дресот на Еурофарм Работник до мај 2019 година, кога тој ќе се пресели во во најсилната ракометна лига во светот, Бундеслигата,во тимот на Магдебург. 

Кумановски во текот на денешниот ден го доби документот за раскин на договорот со Металург, кој ги побара, откако не му беа исплатени платите од страна на Металург.

More from СпортMore posts in Спорт »