Press "Enter" to skip to content

“Лексика-Нова Битола“  центар за странски јазици, креативен пристап при изучување на странски јазик

Со почетокот на учебната година и месец септември центрите и училиштата за изучување на странски јазици почнуваат со своите курсеви и се интересни за родителите, децата и други кандитати кои сакаат да изучуваат некој курс од странски јазик. Заради тоа го посетивме центарот за странски јазици “Лексика – Нова Битола“ кој се наоѓа на ул. “Анести Пановски“  бр. 13 во нова Битола   и поразговаравме на оваа тема за интересот за изучување на јазици со сопственичката Каролина Петковска и тимот професори кои ги водат курсевите.Тие сите не дочекаа љубезно во современо опремените простории со аудио визуелни средства (смарт табла, видео бим) и библиотека со голем фонд на учебници.

-Аудио визуелните средства се најдобри алтки за запомнување на нови зборови, асоцијации. Мозокот на тој начин ги запомнува зборовите преку ситуации, активности, игри. Повеќе од 50% од новите странски зборови ги учиме од тоа што го гледаме и слушаме, велат од тимот на “Лексика Нова Битола“.

-Горда сум на својот тим кои работи тука и имам голема доверба во сите нив, ни кажа на почетокот на разговорот  Каролина Петковска.

Кажете ни кои странски јазици  се изучуваат во вашиот центар и какви курсеви се организираат?-“Лексика – Нова Битола“ организира курсеви од англиски, германски, француски, италијански, грчки, албански. Тие се изучуваат спрема нивото на познавање на јазикот почетни, напредни, подготвителни за институционални испити како TOEFL, IELTS и други по  англиски јазик, DELF, DALF- француски јазик. Сите курсеви се организирани во групи спрема возраста  предучилишна, училишна и курсеви за ворасни.  Секако, без нашиот стручен тим  нашиот центар не би имал успех, затоа тука би ги кажала професорките на курсевите Дијана Крстевска – англиски јазик, Даниела Јовановска- француски, Елена Мицевска, Милена Спасеноска – германски јзик, Христина Скалидис – грчки, Инџи Махмуди- албански, Марина Василевска-Гечевска- италијански јазик. Ако има интерес и за друг странски јазик ние секако ќе им излеземе во пресрет на кандидатите и ќе организираме и таков курс. Исто така сме лиценцирани за овластени судски преводи. Треба да споменме дека центарот за странски јазици “Лексика – Нова Битола“ е единствен застапник за регионот на Битола, Прилеп и Ресен околу организирање на специјализирани курсеви од германски јазик за медицински персонал во рамките на проектот “Германија бара медицински персонал“.

Каков е интересот за  проектот “Германија бара медицински персонал“ и изучување на германски јазик ?Проектот “Германија бара медицински персонал“ предизвика многу голем интерес и ние како единствени застапници се трудиме тие курсеви да бидат на многу професионално ниво организирани. Германскиот јазик во последните години стана многу популарен за изучување со тоа што многу бараат работа и одат да работат таму. Професор по германски јазик на овој курс е  Елена Мицевска. Но, морам да кажам дека курсевите за другите јазици се стандардно барани и постои голем интерес и за другите специјализирани курсеви за институционални испити за  работни или иселенички визи. Тоа се TOEFL, IELTS, University of Cambridge, Esol Examinationhs, Pearson, PTE Acaademic.  Кандидатите кои се подготвуваат за полагање на меѓунардно признаени  тестови по англиски јазик и се запишуваат на овие курсеви најпрво се оценуваат за нивото кое го поседуваат и способноста за говорење, пишување и познавање на јазикот, а потоа по усовршени методи се пристапува кон дополнителни подготовки и изучување на јазикот и соодветни тестови.

Покрај позитивната атмосфера и тимот кој работи тука ни споменавте и посебен пристап за подобро изучување и совладување на јазиците?За подобро совладување на тоа што се изучува во нашиот центар пристапуваме кон разни асоцијации и креативен пристап. Часовите траат еден час во кој е вклучен 15 минути дел на слободни активности. Во тој дел кандидатите активно се вклучуваат да комуницираат меѓусебно, тука се создава таа позитивна комуникација на совладување на јазикот низ учење со и низ грешки нивна корекција од страна на професорот. Секако тоа се прави низ активности, игри и е надополнето со шеги и смеа и секој на  овие курсеви се дружи на еден посебен начин. Заради тоа и курсевите не се само за изучување  на јазикот, туку и за дружење и развивање на позитивни чувства. Знаете курсевите се организирани по нивоа и може да траат повеќе месеци и кандидатите со доаѓањето се зближуваат како помеѓу себе така и со својот професор. Тука многу е важна енергијата која се воспоставува за да некој се чувствува пријатно, па да доаѓа и учи странски јазик. Курсевите ги препорачуваат и терапевтите за подигнување за подобри чувства и подобра социјална комуникација. Секако тоа ќе допринесе  за подигање на самодовербата кај личноста, ни рече Каролина Петковска, која за крај додаде:-Би ги поканила сите кои се заинтересирани за овој  начин на учење на странски јазик дека уписите се во тек, а официјално започнуваме на 17 септември, со групите кои се формирани.  Со оние групи кои се оформуваат и подоцна и се разбира во текот на цела година по потреба на кандидатите. Нашиот тим е тука за нив.Ж.Ристевска