Press "Enter" to skip to content

“Блок 2“ на РЕК “Битола“ ставен во функција по редовниот ремонт

АД “ЕЛЕМ“, Подружница РЕК “Битола“ ја известува јавноста дека “Блок 2“ на Термоелектраната “Битола” денес повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт.

Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол.

По редовниот ремонт на “Блок 2“ на термоелектраната “Битола“, следуваат ремонтни активности на “Блок 3“ кои ќе траат до 15 октомври.

Претходно, капитален ремонт на “Блок 1“ на РЕК “Битола“ беше направен од 10 мај до 25 јули.

More from ВестиMore posts in Вести »