На денешниот кошаркарски пријателски натпревар во спортската сала “Боро Чурлевски“ меѓу педесетината љубители на кошарката кои го гледаа првиот натпревар на Пелистер оваа сезона, ги забележавме и двате битолски кошаркарски легенди.
Таму беа Димитар Секуловски – Пицаки и Миле Макрадули – Леото кои со внимание го гледаа првото годинашно издание на кошаркарите на Пелистер.
Иако натпреварот не беше официјално најавен и немаше никаква најави по медиуми и плакати низ Широк Сокак, сепак двајцата вљубеници по “нивни канали“ разбрале за натпреварот и беа на трибините.
Што да се каже за нив кои на пладне беа во салата и го гледаа Пелистер, освен дека треба и мора да бидат пример, како се сака клубот – како се сака Пелистер, за сите млади спортисти и битолчани, не со зборување, со фалење, туку на дело на трибини и кога е старт на сезона на пријателски натпревар.
Инаку, да кажеме дека долги години двајцата биле дел од кошаркаркиот клуб Пелистер, како кошаркари, тренери, судии, делагати, кошаркарски работници кои го воделе клубот и постигнувале резултати за почит.
Секоја чест за нивната љубов кон Пелистер.
С.Р.