Press "Enter" to skip to content

За денес е планирано е исклучување на “Блок 1“ во РЕК “Битола“

Во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на “Блок 1“ поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот, информира АД „Електрани на Македонија“, Подружница РЕК “Битола“.

Оттаму нагласуваат дека РЕК “Битол“а ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку “Блок 2“.

– АД “ЕЛЕМ“ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство, велат од РЕК “Битола“.