Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Симулациона вежба за земјотрес во Касарната на Црвен крст

Општинската организација на Црвен крст – Битола по повод светскиот ден  на првата помош 12-ти септември, организираше симулациона вежба при пожар и земјотрес во старата касарна.Во вежбата зедоа учество Полицијата и Против пожарната бригада од Битола, која заедно со екипата за прва помош и тимот за одговор при катастрофи  од Црвениот Крст Битола симулираа повеќе од 30 повредени во еден од објектите,со кој беше поставен и прифатен центар за повредените.Вeжбата беше наменета за граѓаните на Општина Битола.