Press "Enter" to skip to content

Нула одговорност, истурил боја и си заминал

Од ден сите се жалиме на се, бараме одговорност од власта, бараме општествена одговорност, сакаме градот да биде уреден, чист, а не кажуваме или во никој случај, сами не се критикуваме, што ние правиме за градот да биде поубав и почист.

Еден случај кој го регистриравме вчера на улицата “Цане Василев“ во Битола, го коментираа сите кои поминаа по улицата и мораа да заобиколуваат истурена боја на асфалтот.Некој наш сограѓанин, претпоставуваме  најверојатно ненамерно, ја истурил бојата и тоа во поголемо количество и едноставно си заминал, оставајќи проблем за минувачите, посебно за малите деца кои се упатуваа во тоа време на училиште.

-Најверојатно некој ќе си ја “однеси“ бојата дома преку обувките, коментираа минувачите, кои додаваа дека оној кој ја истурил бојата треба и да ја исчисти.

Далеку сме од таква граѓанска одговорност, а жителите и минувачите мораа да чекаат да се исуши бојата и да се гази на тој дел од асфалтот, а во меѓувреме автомобилите ја “однесоа“ наваму-натаму.