Press "Enter" to skip to content

Трета по ред победа на фудбалерките на Топ гол

Топ гол – Плачковица 12:0 (5:0)

Во рамките на 4. коло од ПМФЛ за жени екипата на ЖФК Топ гол ја оствари и третата по ред победа над екипата на ЖФК Плачковица. Битолчанки во натпреварот кој се одигра на фудбалскиот терен “Павел Шатев“ во Битола, пред околу 50 гледачи ја декласира екипата од Радовиш со конечен резултат од 12:0, полувреме 5:0.

Бумбаровска уште во 3. минута го отвори резултат со гол постигнат од далечина, Размоска, Петровска, Митаноска и Нешкоска постигна по еден погодок, Гелевска и Ристевска реализираа голови на два пати додека Николовска го постигна својот прв хек-трик.

-Игравме со послаб противник, но победа си е победа и гол разликата во иднина можи да влијае на конечниот пласман. Се радувам на моите соиграчки за добрата игра и честитки упаувам кон стрелците на головите зошто некои од нив ги постигнаа своите први официјални голови во првенството. Оваа победа придонесува за зацврстување на самодовербата и продолжување на континуитетот за добрата игра на нашата екипа, изјави Ангела Стојановска, капитен на Топ гол.

Тренерот, Кире Грбевски, што на овој натпревар им даде шанса на неколку младинки да дебитираат во прв тим и со победа да ја започнат својата прволигашка кариера.

За Топ гол настапија: Салиевска, Бумбаровска, Размовска, Гоцевска, Јанковска, Сојановска, Ристевска, Петровска, Николовска, Стојчевска, Миленковска уште играа: Ѓорѓиоска, Нешковска, Митаноска, Гелевска и Пецаковска.

More from СпортMore posts in Спорт »