Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ чистеше кај Офицерски и најави нови акции

Граѓанското движење “Поинаку“ денес го одбележа Светскиот ден на чистењето и ја чистеа некогашната летна кујна и шанк  на ресторанот на Офицерскиот дом, која се наоѓа позади и ретко кој од минувачите ја забележува.

За оваа акција советничката во Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, вели:-“Поинаку“ се приклучи кон големата армија од екологости и останати кои го одбележува Светскиот ден на чистењето. “Поинаку“ одбележа уште еден датум, а тоа е годишнината од нашето основање. Со оваа денешна акција и со други кои ги имаме организано сакаме да покажеме со пример, дека можеме да направиме нешто корисно за нас и за нашите деца, да дадеме пример како можи да се заштити животната околина. Го одбравме центарот на градот, односно Офицерскиот дом и сметаме дека е срамота во центарот на градот да имаме ваква депонија, која ја направиле наши несовесни сограѓани. Ова покажува колку ни е гајле за Офицерскиот дом, кажано по битолски, и додаде дека акците од ваков тип ќе продолжат и понатаму.

Илиевска информира дека ѓубрето е собрано на едно место и известен е “Комуналец“, од каде се известени дека ќе го подигнат ѓубрето во текот на утрешниот ден.

More from ВестиMore posts in Вести »