Општина Битола, по прв пат оваа година е учесник во “ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ“ со два настани, откако Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола, обезбеди регистрација, и ќе биде дел од 2.595 градови од Европа.
-Општина Битола ќе организира два настани а тоа се:
-На 19 септември, Европски ден без жртви на патиштата, со почеток во 11:30 часот ОУ “Елпида Караманди“ во Битола и
-На 22 септември, ден без автомобили, детска велосипедска критична маса, со почеток во 12 часот на “Магнолија“, информира д-р Јасмина Буневска Талевска, претседателка на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола, која додава дека вклучувањето на Битола во семејството 2595 градови учесници е од голем интерес за градот.
Сите информации за двата настани се на линкот на “ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ“