Press "Enter" to skip to content

Планинарите на ПСД Копанки за десет дена од Олимп до Триглав (фотогалерија)

Планинари од ПСД Копанки во 10 дневна обилколка на Балканскиот полуостров. Ги освоија највисоката северна точка на Балканот, врвот Триглав во Словенија на Јулијските Алпи и највисоката јужна балканска точка, врвот Митикас на Олимп – планината на боговите.

Изминатите десетина дена беа доста актвини за членовите на планинарското друштво Копанки. После нивните искачувања на Мусала и Вихрен во Јуни тие на почетокот на овој месец тргнаа во планинарски поход да ги искачат Олимп и Триглав. Иако се сеуште младо планинарско друштво тие за кратко време успејаа да ги освојат 4-те највисоки врвови на Балканот, а напоменуваат дека тука нема да застанат за оваа година во нивната програма
е и Кораб, кој е 5ти врв на Балканскиот полуосров, со Кораб ќе ја комплетираат оваа респектабилна збирка од искачувања.Почетокот на овој месец планинарите на ПСД Копанки го дочекаат на Олимп. Како тие самите велат во освојувањето на Олимп доста им помогнало искуството на еден од најискусните и најреспектабилните битолски планинари, Драган Ристевски, кој беше со нив на почетокот на оваа обиколка на Балканот.

-Присуството на Драган за нас има големо значење. Тој е со нас од почетоците на нашето друштво и ние голема поддршка во нашите цели, цело ова време. Неговите работни обврски кои ги има во Гимназијата “Јосип Броз – Тито“ го спречија да не придрушува на патувањето до Словенија но негово присуство на Олимп имаше големо значење. Сигурноста е чувство кое е доста потребно во освојувањето на вакви планини, со Драган тоа го имате. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за досегашната помош и поддршка која безрезервно ја
дава за нас и нашето друштво, напомена Даниело Божиновски.Искачувањето на Олимп го започнале пред изгрејсонце од местото Приори (1.100 м.н.в.). Како велат брзо се прилагодиле на теренот и без многу застанување ја освојувале планината на боговите. За нецели 6 часа го освоиле Олимп и биле на највисоката точка на таа планина, врвот Митикас (2.916 м.н.в.). Митикас воедно е и вториот на листата на највисоки планински врвови на Балканот.

-Освојувањето на Олимп беше цел која ја зацртавме уште кога го формиравме друштвото и таа цел за релативно брзо време ја остваривме. Од искачувањето на Олимп во долго сеќавање ќе ми остане изгрејсонцето кое го следевме додека се качувавме. Тоа изгледаше како да сонцето излегува од море, еден невероватен поглед. Планината е привлечна, адреналинска… Кога ќе го слушнете самото име Олимп тоа буди во вас некое божанствено чувство, ни рече Кристијан Ѓоргиовски.После успешното искачување на Олимп нивните мисли веќе се на Триглав. Па по неколку дена од Битола тројца членови на друштвото го започнуваат нивното пет дневно патување на кое главна цел е освојување на Цезаревите Алпи и нивниот врв Триглав. Во Словенија ден пред да почне искачувањето на Триглав ги посетиле Блед и Бохињ, места кои како велат членовите на Копанки се еден вид заштитен знак за Словенија.Искачувањето на Триглав го поделиле на два дела. Првиод ден од Долината Крма го почнуваат освојувањето на цезаревите Јулијски Алпи.

-Во вечерните часови пристигнавме во домот Планика под Триглав, каде преноќивме. Во 4 часот, наутро, го почнавме главното искачување, преку Малиот Триглав па се до Алјажевиот Столб. Кога стигнавме на врвот Триглав бевме зачудени од глетката затоа што на самиот врв го немаше неговиот заштитен знак, Алјажевиот Столб. Но после неколку минутното сликање и ”земањето потврда” дека сте биле на врвот пристигнаа и неколку словенечки планинари со кој разговаравме и ни кажаа дека Столбот после 120 години е однесен на реконструкција. Па така ние имавме можност, која ретко кој ќе ја има во наредните 100 години да го видиме Триглав без заштитниот знак, Алјажевиот Столб. После искачувањето се спуштивме до планинарскиот дом “Кредарица“ па по мал одмор и до Долината Крма. Од таму заминуваме за Хрватска и Црна Гора, вели Стефан Ѓоргиовски.

После Триглав на ред се попатни посети на Хрватска и Црна Гора. Ова патување членовите на ПСД Копанки го завршуваат со посета на Цетиње и националниот парк Ловќен каде се наоѓа мавзолејот на Петар II Петровиќ – Његош. Велат дека такво нешто како што е мавзолејот вреди да се види и посети, како уште во 1855 година е направена гробница на 1.650 м.н.в..
-Со ова патување ја затворивме летната сезона на искачувања во други држави. Сега ќе се фокусираме до крајот на оваа година на искачувања на македонските врвови, како што е по нашата програма за акции. Ја користам оваа прилика јавно да се заблагодарам на Советот на Општина Битола за поддршката која ни ја дадоа за да го реализираме овој дел од програмата
насловен, Од Олимп до Триглав. Се надеваме дека и во иднина ќе ги поддржат, во рамките на нивните можности, нашите амбициозни планови за акции. Благодарност и до редакцијата на BitolaNews за медиумската поддршка која ни ја дава од почетоците па досега и се надевам дека заедно ќе бележиме успеси во иднина, вели Даниело Божиновски.