На 19.09.2018 година во 13.05 часот на ул. “Партизанска“ во Битола товарно возило “фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А. (29) од Битола, удрило во пешак 16-годишна девојка од Битола.
Од ударот таа се здобило со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид на местото на настанот.