Press "Enter" to skip to content

Младинците на КК Пелистер преку турнири до влез во Прва лига

Екипата на младинците на кошаркарскиот клуб Пелистер обезбеди пласман во Македонската прва младинска лига, откако убедливо победи на турнирот во Битола

На овој турнир на кој учествуваа екипите на Пелистер од Битола, Петровски од Битола, Црб Дрим од Струга и Мега баскет од Прилеп, победник е екипата на Пелистер со три победи.

-По првиот турнир во Битола одигравме исто така и турнир во Скопје, со екипите на Феникс, Куманово и Кожув, во кој имавме и пораз, а се надевам дека ќе обезбедиме учество во Првата младинска лига. Имаме добра екипа, од која има и играчи кои се и во Првиот тим на Пелистер, вели тренерот Деан Илиевски.

Инаку, првит две пласирани екипи ќе играат во Македонската прва младинска кошаркарска лига.

More from СпортMore posts in Спорт »