За два дена се случија две сообраќајни незгоди на улицата “Партизанска“ во Битола, а вчера по сообраќајка едло лице се здобило со тешки повреди, стои во билтенот на МВР.
Во полициска станица во Битола, било пријавено дека на улицата “Партизанска“ се случила сообраќајна незгоа помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со ресенски регистерски таблици управувано од К.С. од Ресен, и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со битолски регистерски таблици управувано од 54-годишниот Н.О.А. од Битола.
Во незгодата К.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.