Press "Enter" to skip to content

Елеонора Илиевска: светот не поддржува, но на 30 септември гласаат граѓаните на Македонија

Во престој на референдумот кој е закажан за 30 септември, денес, прес-конференција одржа Елеонора Илиевска,  секретар на ОО на СДСМ од Битола и советник во Советот на Општина Битола, при што рече:

-Македонската и светската јавност последниве неколку недели се сведоци на интензивна дипломатска поддршка за членството на Македонија во НАТО и Европската Унија која стига од сите страни. Светот ја поддржува Македонија на европскиот и евроатланскиот пат, но одговорноста е наша. На 30 септември гласаат граѓаните на Македонија, не светот.

Во НАТО не чекаат 29 пријателски земји кои го сочинуваат најсилниот безбедносен сојуз во светот. Во семејството на Северноатланската алијанса солидарноста е основниот принцип, земјите членки се штитат една со друга, загарантирани се безбедноста и територијалниот интегритет. Со членството на Македонија во НАТО загарантирана е нашата и иднината на нашите деца. Македонија за првпат во својата историја ќе биде на иста маса со најмоќните сили во светот, рамноправна и почитувана.

Членството во Европската унија, пак, за Македонија ќе донесе, пред се, економски придобивки кои се привилегија за земјите членки. Европската унија претставува уникатен модел на организација. Македонија, има конечно шанса да го живее тој европски сон и да го остави зад себе кошмарот на “вечната” транзиција.

Македонија друга алтернатива нема. Шансата да бидеме дел од двата најмоќни и најпосакувани сојузи во светот е тука. Одлуката е само наша. Затоа, на 30 септември ќе гласаме ЗА. Нема да ги изневериме очекувањата за подобро утре на нашите деца, зошто следна шанса ќе нема, а животот е прекраток за да се коцкаме со иднината.

More from ВестиMore posts in Вести »