Press "Enter" to skip to content

Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар на ручек и разговор со битолчани (фото)

Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, денес во градската кафеана на хотелот “Епинал“ имаше заеднички ручек и средба со битолчани, кои се јавија на повикот кој Делегацијата на ЕУ во РМ го имаше јавно упатено до сите граѓани на Битола и регионот.-Граѓаните сакаат поефикасна правда, подобра животна средина и подобри економски перспективи во земјата. ЕУ ги споделува желбите на граѓаните на Битола и со вас соработува кон заедничка иднина, рече Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.

Тој стрпливо ги ислуша сите кои се јавија за збор и им одговараше на поставените шрашања од повеќе области.На средбата присуствуваше и градоначалнилката Наташа Петровска со дел од својот тим, која исто така се запозна со размислувањата и прашањата кои ги упатија битолчани до амбасадорот Жбогар.

More from ВестиMore posts in Вести »