Денес попладне со прошетка низ градскиот парк во Битола и со предавање за мајчиниот јазик, локалниот клуб на жени при СДСМ од Битола, го одбележа светскиот ден на мајчиниот јазик, 26 септември.
По прошетката низ градскиот парк кај детскиот парк, за светскиот ден на мајчиниот јазик, пред своите сопартијки, зборуваше градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.-Денес на 26 септември е светскиот ден на мајчиниот јазик и во таа насока сакам да кажам дека Македонија како идна членка на Европската унија сите документи, сите дискусии, сите расправи кои ќе се водат во европскиот парламент од страна на нашите делегати ќе бидат на Македонски јазик. Затоа сите заедно да обезбедиме перспектива за нашата држава, поголема поразвиена економија со што ќе ги задржиме младите во нашиот град и во нашата Македонија, рече Петровска и додаде:-Знаеме дека во Битола долго време владее “белата чума“ и дека бројките на наталитет се помали од бројките на морталитет. Женската полулација е посебно сензитивна за овој проблем и токму затоа ова масовно присуство на жени покажува дека влезот во НАТО и ЕУ, меѓу другото може да го реши и овој проблем, чии решение насушно ни е потребно.