СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Т. (51) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
На улица „Рузвелтова” во Битола, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ФАП”, сопственост на пријавениот, при што било утврдено дека вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.