Press "Enter" to skip to content

Хотелот “Епинал“ – центар на случувањата на фестивалот “Браќа Манаки“

Уште на самиот влез во хотелот “Епинал“ во неговото преуредено фоаје може да се забележи дека оваа седмица, таму се е подредено на гостите од интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, а вака е веќе 39 години откако се одржува овој реномиран фестивал на филмската камера.За гостите на фестивалот и останатите гости да ја доживеат магијата на “Браќа Манаки“ менаџерскиот тим се погрижи во хотелот да направи и катче постевено на фестивалот. Таму во ново уредениот простор во “златна“ рамка е поставен големиот официјален плакат на фестивалот, а до него е поместена изложбата на која можат да се видат дел од најзначајните моменти од 39-годишното постоење на фестивалот.-Хотелот “Епинал“ секоја година е домаќин на фестивалот “Браќа Манаки“, односно на гостите кои се тука од целиот свет, кои се големи имиња од филмот. Ние се потрудивме, покрај тоа што им нудиме услуга на високо ниво, оваа година да им уредиме и катче посветено на овој фестивал, значаен за Битола и Македонија. Можеме слободно да кажеме дека овој наш гест е убаво прифатен од сите. Ние се трудиме престојот на сите гости во Битола, во хотелот “Епинал“ да им остане во убаво сеќавање, а сега веќе размислуваме и за изненадувањата за сите наши гости за идната година, кога се одбележува големиот јубилеј, 40 години фестивал “Браќа Манаки“, велат од хотелот “Епинал“.Во хотелот “Епинал“ се одржуваат и попратните активности на фестивалот, семинарите, конференциите, пресовите, неформалните средби, договорите за идни соработки. Тука на денот на отворањето на фестивалот се одржа и коктелот во летната тераса, каде битолчани можеа да се дружат со гостите кои беа доботници на наградите “Златна камера 300“, Клаудија Кардинале и  Чарлс Дикинс.Со еден збор “Епинал“ е центар на случувањата на фестивалот, во сите делови, во градската кафеана, фоајето, салите за конференции, големата сала, летната тераса.Хотелот “Епинал“ во овој период не е наменет само за значајните гости од Фестивалот. Тука можат да се видат и сите кои се вклучени во организацијата на фестивалот, а хотелот е место каде најповеќе се снимаат интервјуата со големите звезди на филмот, без разлика дали се актерите или снимателите.