Press "Enter" to skip to content

Прв академски час и за студентите на Славјанскиот универзитет на кој им беа доделени индексите (фото)

-Познатиот Малком Егс кажал: образованието е пасош за иднината бидејќи утрото им припаѓа на оние кои од денес се подготвуваат за него, а вие со вашиот избор на образование го поседувате пасошот за иднината.Со овие зборови, искажани од студентите, започна првиот академски час на меѓународниот славјански универзитет “Гаврило Романовиќ – Державин“ во Битола.На првиот академски час присуствуваа новите бруцоши, професорите, асистентите и голем број на гости, а нив најпрво им се обрати Ректорот на а меѓународниот славјански универзитет “Гаврило Романовиќ – Державин“, проф. д-р Кети Арсовска – Несторовска.-Денес е навистина голем и значаен ден за сите вас кои од овој момент сте официјално академски граѓани и влегувате во високо образовната средина која од сега па натаму ќе биде ваш втор дом. Тука ќе се формирате како интелектуалци, како личности и пред се како професионалци во областа која сте ја избрале, беше речено денес.На првиот час беа доделени и индексите на сите ново запишани студенти, а беа доделена и стипендиите на првата која таа ја обезбеди Александра Трајковска и на студентот Омер Асим. Меѓународниот славјански универзитет “Гаврило Романовиќ – Дерќавин“ е составен од пет факултети и два институти, а деканите ги поделија индексите. На факултетот безбедносно инженерство проф. д-р Цветанка Митревска, на правниот факултет проф. д-р Марија Гроздановска, на информатика проф. д-р Жанета Сирвини, на псохологија проф. д-р Кети Арсовска – Несторовска, за еконимија проф. д-р Јагода Митревска, по врачувањето на индексите ги запознаа студентите со наставните програми. Инаку, треба да се напомене дека Меѓународниот славјански универзитет “Гаврило Романовиќ – Дерќавин“ започна со работа во 2004 година во Свети Никола, а во 2006 година е отворено одделението во Битола, а сега Универзитетот е една престижна високо-образовна институција во кој се ангаќирани голем број на стручни лица.

More from ВестиMore posts in Вести »