Press "Enter" to skip to content

Техничкиот факултет му додели посебна благодарница на Васко Ковачевски

Свечениот старт на новата академска година, деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Стојанче Нусев, го искористи и да му додели посебна благодарница, на генералниот директор на АД “ЕЛЕМ“ подружница РЕК “Битола“, Васко Ковачевски.

-Техничкиот факултет на првиот академски час во оваа студентска година ќе му додели посебна благодарница на првиот човек на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски, заради големата соработка која ја има оваа високо образовна институција со Комбинатот. Откако е тој на чело на РЕК “Битола“ соработката се зголемува, преку доделување на стипендии, прифаќање на студентите во Комбинатот, а сето тоа беше заокружено со потпишувањето на меморандумот за соработка со АД “ЕЛЕМ“, рече деканот, Нусев.Генералниот директор на РЕК “Битола“ заблагодарувајќи се за ова признание, кратко рече:

-Ова е големо признание за мене, а со тоа и за РЕК “Битола“ и АД “ЕЛЕМ“. Соработката ќе продолжи и во иднина, се надевам дека ќе биде и зголемена. Сакам во оваа прилика да им порачам на, сега веќе, студентите во Техничкиот факултет дека на нив е да го совладуваат знаењата, на професорите да им ги пренесуваат знаењата и да ги поттикнуваат, а на бизнис секторот од кој сум дел и јас, да создаваме услови за тоа.

С.Р.