Во Центарот за култура во Битола, изминатиов деновиве се одржа поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“ во организација на Здружението за наука и култура “Нова“ од Битола, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија.Поздравна реч на перформансот имаше Соња Елзесер, претседател на ДПМ, која меѓу другото рече дека Битола како конзулски и град со традиција заслужува да има вакви манифестации од каде се шири позитивната креативна енергија која обединува и воздигнува.
Исто така, пред публиката се обрати и м-р Мирјана Стојановска, претседател на здружението “Нова“, која ги парафразираше зборовите на венцоносецот, Ежен Гилвик, дека секоја песна е празник и средство за менување на светот.Поезија и фрагменти од есеистички текстови и проза читаа: Соња Елзесер, Мишел Павловски, Мито Спасевски, Стела Ковач-Босилковска, Фросина Пармаковска, Ленче Милошевска, Милица Радевска, Билјана Т. Димко, Кире Неделковски, Лидија Дочевска-Павловска, Даниела Андоновска-Трајковска.
Ликовната изложба беше на Гоце Крстевски со копаничарски дела од уметничкото студио “Пердика“, музичкото претсатвување на флејта на Ангела Димковска, а сценската изведба на Ана Жежовска и Симеона Павловска со поемата “Бегалци од својот дом“ од Мирјана Стојановска.На крајот, авторите подарија свои книги на публиката, а проектот е во рамките на Новиот културен бран, поддржан од Министерството за култура.