Press "Enter" to skip to content

Средба на градоначалничката со учениците кои прорестираа за превозот

Во текот на денот група ученици се собраа пред Општина Битола, протестирајќи по однос на состојбите со превозот.

Градоначалничката на Општина Битола ги покани децата во општината,  при што им ја објасни актуелната состојба со превозниците, законските измени и новите правила за користење на линискиот превоз од страна на учениците во местата каде што го има.

На оваа средба, таа исто така им ги објасни и тековните наследени проблеми од изминатите години со кои што се соочува Општина Битола во моментов и ги повика на трпение, до конечното решавање на проблемот, кое следува за краток период. Петровска и пред нив уште еднаш го повтори ставот дека општината нема намера да штити нечии лични интереси на штета на образованието, односно на штета на условите во кои децата.

Таа посочи дека на сметка на досегашните високи цени на превозот на учениците, не е направено повеќе во однос на санирање на тоалетите, таблите, прозорците, а ниту во нагледните средства за работа.

Ваквото обраќање на градоначалничката наиде на разбирање кај учениците и во коректна атмосфера се договорија на взаемо решавање на проблемот и натамошна координација.

При тоа таа ги замоли да не бидат инструментализирани од одредени поединци и структури кои што криејќи се зад наводен интерес за решавање на проблемот со превозот, сакаат да остварат лични и политички поени.

На средбата присуствуваа и директори на дел од училиштата, кои дополнително дадоа објаснувања за натамошните чекори кон изнаоѓање решение на овој проблем, се вели во соопшението кое го испратија од кабинетот на градоначалнилката.

More from ВестиMore posts in Вести »