Во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, во соработка со Техничкиот факултет од Зрењанин при универзитетот во Нови Сад, Србија, денес беше организирана петтата меѓународна конференција, на тема „Применети информатички и интернет технологии“.
Оваа конференција се организира наизменично, една година во Битола, а една во Зрењанин.Со свое обраќање и поздравен говор, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, на присутните им посака успешна конференција.
-Имаме околу 35 научни реферати од 6 земји, околу 50 регистрирани учесници и она што за нас на ФИКТ е посебно важно, годинава организираме и форум со информатичката индустрија од градот ИТ индустријата, со цел да се интензивира соработката, која и досега успешно функционира, но да и се дадат некои нови форми, нови димензии и поголемо вклучување на ИТ индустријата во образовните процеси на ФИКТ, изјави Игор Неделковски, декан на ФИКТ.-Очекуваме дека презентираните научни трудови, уште повеќе ќе дадат придонес во поврзувањето на образованието со практичната работа во компаниите, со што на младите генерации студенти од овој факултет, ќе им се отворат врати кон светот на модерната информатичка технологија“, нагласи градоначалничката Петровска.
Интересот за информатичката технологија и кај нас, како и во светот континуирано расте, а побарувачката на едуциран информатички кадар е се поголема.