Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пет гранати од Прва светска, најдени на “Индустриска“

Битола и нејзината околина била линија на фронтот во Првата светска војна, и тука биле паднале или останале неикористени  илјадници бомби и гранати, па затоа при многу градежни зафати се наоѓаат неексплодирани експозивни направи.

Така деновиве во СВР Битола е пријавено дека при ископ  на земја на  поранешниот отпад „Битолска Суровина“  (поранешен “Отпад“) лоциран на улица “Индустриска“ во Битола пронајдени се пет гранати кои потекнуваат од Правата Светска војна.

Од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.

More from ВестиMore posts in Вести »