Во влез на зграда на улица “Јадранска” во Битола нарушен е јавниот ред и мир со предизвикување и учество во тепачка, во која учествувале од една страна О.Б.(29) од Битола и од другата страна лицата К.Ѓ. (35) и В.Ѓ. (68) двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На делницата од автопатот Градско – Велес, после наплатна рампа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат Леон“ управувано од М.Б. (25) од Битола и патничко моторно возило „Мерцедес А 200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците на двете возила, С.Б. (53) од Битола и В.С. (29) од Скопје по што со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општа болница Велес, каде им е укажана лекарска помош. Од страна на доктор кај С.Б. се констатирани тешки телесни повреди и истата е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.