Битолчанец С.М.(47) бил тешко повреден по пад од парглајдер вчера во близина на Крушево.
Според полицијата околу 15.50 часот во ПС Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повредениот.
На повредениот му била дадена лекарска помош по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.
По разговорот со С.М. било утврдено дека ден во Крушево полетал со параглајдер и паднал во близина на крушевското село Острилци.